Компанијата направи чекор напред во развојот на беспилотните авиони – го реализираше првото автоматизирано полетување со авион. Airbus неодамна објави фотографии и веста за првото успешно реализирано автоматизирано полетување, што значи дека авионот полетал без каква било асистенција од пилотот.
Авионот Airbus A350-1000 успешно го заврши тест автоматското полетување на аеродромот Тулуз-Блањак во Франција. Со тоа визијата на Airbus за беспилотен комерцијален авион е чекор поблиску до реализација.
„Ја променивме рачката за гас на подесување при полетување и го следевме авионот. почна да се движи и да забрзува автоматски одржувајќи праволиниско движење по средината на пистата исто како што е внесено во систем. Носот на авионот почна да се подига автоматски, а потоа следуваше полетувањето“ вели тест пилотот.
Од Airbus тврдат дека технологијата е поинаква во однос на Instrument Landing System (ILS), кој веќе се користи во авионите ширум светот. Автоматизираната контрола на полетување користела технологија за препознавање слики директно инсталирана во авионот. Ова е битен момент за Airbus, кој го развива проектот наречен Autonomous Taxi, Take-Off and Landing (ATTOL). Во светот има се помалку пилоти, а одредени компании сакаат да ги намалат трошоците, така што оваа технологија може да биде решение.