Доколку сте посветен и пасиониран поборник за водење здрав живот со активно физичко вежбање од секаков вид, или пак планирате да станете таков, FitKit е вистинската мобилна апликација.
Преку оваа прва македонска апликација за тренинзи, можеш да купиш тренинг програми за повеќе од 250 активности во над 150 различни фитнес центри во земјава.
Без разлика дали си обожавател на фитнес или сакаш функционални тренинзи, јога, боречки вештини, кардио, аеробик, пилатес или пливање, со само неколку clicks можеш да ја пронајдеш твојата следна физичка активност и да го закажеш својот термин.
Апликацијата ти нуди можност да откриеш најразлични типови на тренинзи околу тебе, сите уредно спакувани во различни категории. Бираш термин, во времето и на локацијата која најмногу ти одговара, закажуваш и се што треба да направиш следно е да се појавиш на закажаниот термин. Не се секирај, ќе те потсетиме ако заборавиш. 😉
И она што е можеби најбитно, ти сам си бираш колку и какви тренинзи или масажи сакаш да резервираш. No strings attached, вежбаш каде сакаш и кога сакаш.
FitKit гордо стои на грбот на тројца ентузијасти – Ангелина, Јосиф и Марко – столбовите на оваа апликација кои одлично ја балансираат подлогата на овој сервис.
Важноста од здружување на силите, вештините и знаењето е клучна при креирањето на ваков продукт, смета Ангелина.
„Без тимска работа немаше да постои никаков продукт. Клучно е инволвирање на секакви профили на луѓе во развивање на иновативни решенија и синергија помеѓу различностите“, истакнува Ангелина.
Јосиф е човекот кој легнува и станува со помислата како секојдневно да „зарази” што повеќе луѓе со идејата за поквалитетен живот.
„За оние кои што се уште не можат да се’ најдат себе си во фитнес и велнес индустријата ФитКит нуди можност да пробат и да видат која активност или локација најмногу одговара на нивниот карактер или дух. Како што секој од нас има омилена храна, филм, книга, пријатели, така имаме и омилена физичка активност. Активниот живот го носиме во нашиот генетски код!“, вели Јосиф.
Марко е човекот кој неуморно работи на имплементирање нови технологии и features што ја прават апликацијата основен kit за водење на активен живот. Тој е човекот кој комуницира со код и е главниот виновник за нејзините одлични перформанси, како и за сите багови.
По само неколку години од лансирањето, FitKit прерасна во алатка без која еден модерен човек не може да замисли да води здрав и активен живот. Но, FitKit немаше да е ова што е денес без знаењето и вештините што ги вложија секој од основачите. Сите ние, кои денес сме дел од тимот, стоиме зад мисијата на FitKit – Овозможување на флексибилност во активниот животен стил, велат од екипата која стои зад оваа апликација.
Немаш повеќе изговори за да го изоставиш здравиот и активен живот поради други приоритети.
Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.