Јапонскиот милијардер Јусаку Маецава, кој бараше партнерка која ќе оди со него на туристичкиот вселенски лет со SpaceX до Месечината, го откажа својот оглас. Тој во огласот наведе дека бара жена од 20-тина година која ќе оди со него до Месечината. Се пријавиле 28.000 жени, но Маецава изјави дека се откажува затоа што има „помешани чувства“.
Сепак, не се откажува од патувањето во вселената во 2023 година, само без партнерка. Четириесетгодишниот милијардер го распиша огласот на почетокот на јануари, а условите биле да немаат партнер и да сакаат да одат во вселената. За нив ќе биде снимен и дкументарец наречен „Full Moon Lovers”.
„Кога сфатив дека околу 28.000 жени со сериозни намери и храброст го искористиле своето драгоцено време за да се пријават, почувствував огромно каење и ги известувам за својата себична одлука. Од лични причини ја информриав телевизија Abema TV дека нема да учествувам во документарецот и побарав да го откажат шоуто“ напиша Маецава на Twitter.
Маецава е приватен патник кој ќе лета на Месечината со SpаceX. Не открива колку чини билетот, но вели дека станува збор за многу пари. Патувањето е планирано за 2023 година.