Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе во парламентот изјави дека Олимписките игри во Токио нема да бидат откажани, ниту одложени, и покрај стравувањата од ширење на коронавирусот од кој заболеа повеќе од десетици илјади луѓе.
Олимпискиот факел би требало да стигне во префектурата Мијаги за шест недели и да ги најави Олимписките игри, кои започнуваат на 24 јули во Токио.
Поради ширењето на новиот вирус, многу квалификувани олимписки турнири се преместени од Кина, а многу земји ги советуваа своите жители да не патуваат во Кина.
„Сакам да појаснам дека Организацискиот комитет и Меѓународниот олимписки комитет не водат никаква расправа за тоа дали треба или не треба да се одржи Олимпијадата“, изјави Абе.
Одговарајќи на прашања во парламентот, Абе кажа дека на состанокот со Меѓународниот олимписки комитет следната недела нема да се разговара за условите за одржување на игрите.
Тој додаде дека сака да соработува со Јапонскиот олимписки комитет и градските власти на Токио за да ги продолжат подготовките за големиот спортски натпревар.