Кинези направија оптички саат кој ќе работи без грешка 7,2 милијарди години

- Advertisement -

Научници од Универзитетот за наука и технологија во Кина направија оптички саат со стабилност и грешка помала од пет квинтилиотинки. Саатот ќе изгуби или ќе добие една секунда во наредните 7 милијарди години, а тоа значи дека веројатно ќе прикажува точно време секогаш во текот на нашите животи.

Оптичките саати имаат клучна улога во иднината која денес се обликува. Научниците се уверени дека можат да развијат попрецизни системи за глобално позиционирање и квантна дистрибуција на клучеви со помош на оптички саати.

- Advertisement -

Истражувачки тимови од Јапонија, САД и Германија работат на развојот на атомски саати, меѓутоа најпрецизниот атомски саат се наоѓа на Универзитетот Колорадо во Болдер и е стабилен во својата работа.

Кина сега стана втората држава во светот која демонстрирала прецизно мерење на времето, меѓутоа нејзиниот саат мора да биде поточен од американскиот.

- Advertisement -

Потребни се најмалку три лаборатории за да се постигне стабилност пид 5 квинтилиотинки и гешкапод 2 квинтилиотинки за да се усвојат оптичките дигитални саати. Кинескиот истражувачки тим користел стронциум за изработка на нивниот оптички саат.

Истражувачите ги изладиле атомите на стронциумот до температура од неколку микро келвини, апотос ги заробиле во еднодимензионални решетка создадена со помош на ласерски зраци кои се вкрстуваат. Потоа употребиле стабилен ласер за да ги придвижат атомите и да дојдат до превизн и стабилна транзиција на саатот.

- Advertisement -

Во споредба со други саати, овој оптички саат е постабилен на 2,2 квинтилионки, додека неговата несигурност е на 4,4 квинтилионки. Истражувачите велат дека овој нивни саат ќе изгуби или ќе добие една секунда за 7,2 милијарди години.

(Klix.ba)

(фото: Wikipedia)

Сподели!
- Advertisement -