Норвешка ќе ги преполови емисиите на штетни гасови!

- Advertisement -

Норвешка ги зголеми своите обврски во заштитата на климата со најава дека има цел емисиите на гасови со ефект на стаклена бавча да ги намали за „најмалку“ 50 отсто или дури 55 отсто, што еколозите го поздравија.

Оваа нордиска земја, која не е членка на ЕУ, но е тесно поврзана со неа, претходно се обврза до 2030 година да ја намали емисијата на штетни гасови за најмалку 40 отсто во однос на 1990 година.

- Advertisement -

„Норвешка е првата западна земја што им пријави на Обединетите нации засилени климатски цели“, изјави во петокот министерот за клима и животна средина Свеинунг Ротеватн и истакна дека најновата одлука е „важен чекор кон зелена транзиција“.

Норвешка – најголемиот производител на нафта и гас во Западна Европа, исто така е шампион со најголема концентрација на електрични автомобили во светот во споредба со бројот на жителите.

- Advertisement -

Меѓутоа, не ѝ оди лесно намалувањето на емисијата на загадувачки гасови: и покрај неодамнешниот благ пад, тие во 2018 година и понатаму беа над нивото од 1990 година за 1,1 отсто, покажуваат официјалните статистики.

Десничарската влада при објавувањето на новиот план за намалување на загаденоста на воздухот не го објасни односот меѓу реалното намалување на норвешка територија и употребата на „механизмот на компензација“ – плаќањето за загадувањето.

- Advertisement -

Парискиот договор, чија цел е ограничување на глобалното загревање на максимално плус два Целзиусови степени во споредба со прединдустриската ера, предвидува земјите-потписнички да ги ажурираат своите климатски цели на секои пет години.

Извор – www.mkd.mk

Сподели!
- Advertisement -