Alibaba им дава евтини кредити на компаниите погодени од корона вирусот

- Advertisement -

Кинескиот интернет гигант Alibaba објави дека со неколку милијарди долари евтино ќе ги кредитира компаниите кои се соочиле со тешкотии поради кризата предизвикана од ширењето на корона вирусот.

Околу 2,86 милијарди долари ќе бидат достапни преку подружницата Ant Financial, објави Alibaba на својот сервис Weibo. Предност во кредитирањето ќе имаат компаниите од покраината Хубеи, кои имаат најголем товар поради корона вирусот.

- Advertisement -

Животот за 45 милиони луѓе во оваа покраина и во нејзиниот главен град Вухан со 11 милиони ѓители целосно е во застој затоа што се отсечени од остатокот од светот. Во меѓувреме од вирусот е погодена и цела земја, а поради тоа се продолжени и празниците по повод Кинеската нова година, поради што последици трпат работодавците.

Тие 2,86 милијарди долари се наменети за мали и средни компании кои соработувале со Alibabа повеќе од една година. Половина од кредитите се наменети за покраината Хубеи, а другата половина за компании од остатокот од Кина. Каматната стапка за кредитите ќе биде 20% помала од пазарната, а ќе има и други бенефити од склучените договори.

Сподели!
- Advertisement -