Владата дaде согласност за доделување финансиски средства преку Иновациски ваучери

- Advertisement -

Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои информацијата и донесе Одлука за давање согласност на Правилникот за доделување финансиски средства преку Иновациски ваучери на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

Правилникот за доделување финансиските средства преку Иновациските ваучери сe воведува за прв пат во Република Северна Македонија, а негова основна цел е да ја поттикне соработката помеѓу претпријатијата и академските и научно-истражувачките установи во насока на спроведување иновациски активности, со што претпријатијата ќе ја зголемат својата конкурентност.

- Advertisement -

Со ваучерите кои ФИТР ќе им ги додели на компаниите кои имаат намера да започнат нови производи, процеси и услуги со иновативна компонента, ќе се надоместуваат трошоците за услуги на академските и научно-истражувачките институции кои за нив ќе изготвуваат истражувања и анализи што ќе го помогнат успешното реализирање на новите процеси.

Сподели!
- Advertisement -