Американската Катрина Спејд осмисли еколошки процес на погребување така што телата на починатите луѓе ги претвора во ѓубриво кое семејството може да го истури околу билките и дрвјата.
Процесот се сведува на ставање на телата во затворена капсула со пилевина, луцерка и слама. Притоа, телото полека се врти за да им се овозможи на микробите да го разложат. После 30 дена остатоците се предаваат на семејството, кое може да ги искористи како ѓубриво.
Спејд тврди дека природното органско разложување на телото спречува емитување на 1,4 тони јаглерод диоксид во атмосферата при процесот на кремирање. Таа е уверена дека постои слична заштеда во споредба со традиционалните начини на погребување кога ќе се земе предвид превозот на покојникот и производството на ковчези.
„Кога ќе умрам, нели би требало на оваа планета која ме штитела и ме поддржуваал целиот живот да и го вратам она што останало од мене? Тоа е толку логично, а и убаво“ вели Спејд.
Погребувањето на починатите луѓе со претворање во ѓубриво треба да почне од фебвруари наредната година во американската сојузна држава Вашингтон.