Гратче во Финска им дава по 10.000 долари на семејствата за да имаат уште едно бебе

- Advertisement -

Едно гратче во Финска на семејствата им дава по 10.000 долари за да имаат уште едно бебе. Целта на оваа мерка е да се победи европскиот тренд на пад на наталитетот.

Новите родители во селото Миехикала добиваат по 1.000 долари годишно додека детето не наполни 10 години, но мора да останат да живеат во регионот за да ги примаат парите.

- Advertisement -

Миехикала е мало гратче со 2.000 жители. Соочени со проблемот на иселување на младите и стареење на населението, поради што едно локално училиште може и да се затвори поради недоволно ученици, локалните власти решиле да преземат мерки.

Мерки се преземаат и на национално ниво. Меѓу другите владини иницијативи се и еднаквото право на платено породилно отсуство за двајцата родители. Заедно мајката и таткото имаат 14 месеци платено отсуство од работа за да се грижат за новиот член на семејството.

- Advertisement -

Финска не e единствената европска земја која има проблем со нискиот наталитет. Цела Европа се соочува со намалување и стареење на популацијата. Од 1967 година досега стапката на плодност во ЕУ паднала за 38%. Глобалната стапка на наталитет моментално е 2,4 бебиња месечно, а во ЕУ таа изнесува 1,6 бебиња месечно.

Според проценките, за 50 години отсега популацијата во Европа ќе се намали за 40 милиони, па земјите-членки преземаат мерки за пораст на популацијата. Во Грција, на пример, родителите добиваат по 2.235 долари за секое ново дете, дури и ако не се жители на Грција.

- Advertisement -

Германија веќе забележува успех во поттикнувањето на наталитетот – од 1994 година досега ја зголеми стапката на плодност од 1,24 на 1,57 благодарение на подоброто породилно отсуство за мајките, продолженото отсуство за татковците и поголемиот број градинки за деца.

Годинава ЕУ ги постави демографските предизвици како свој приоритет и се очекува другите земји-членки да преземат мерки за зголемување на наталитетот.

A village in Finland is paying families more than $10,000 to have a baby

Since 1967, fertility rates in the EU have fallen by 38%. 🔎 Learn more about global population challenges: http://bit.ly/3a8x69y

Posted by World Economic Forum on Среда, 26 февруари 2020
Сподели!
- Advertisement -