Oткажан автомобилскиот саем во Женева!

- Advertisement -

Автомобилскиот Саем во Женева е откажан од организаторите и годинава најголемата и најважна саемска манифестација на европска територија нема да биде одржана.

Шпекулациите и најавите за откажување на настанот поради ширењето на коронавирусот станаа реалност, па откако денеска Министерството за здравство на Швајцарија забранило собири со повеќе од 1.000 учесници, организаторите ги информирале производителите дека саемот е откажан.

- Advertisement -

Саемот требаше да започне на 3. март со првиот ден предвиден за новинарите, а за посетителите беше најавен од 5 до 15 март. Организаторите најавија дека ќе ги рефундираат парите за купените билети од страна на посетителите.

Сподели!
- Advertisement -