Светската здравствена организација го подигна нивото на опасност од корона вирусот, односно како што му е официјалниот назив Kovid-19, од висок на многу висок ризик. СЗО, меѓу другото, ги повика луѓето воопшто да не патуваат доколку имаат температура или кашлаат, а генералниот директор на организацијатa Тедрос Аданом Гебрејсус појасни дека многу високиот ризик е највисоко можно ниво на ризик.
„Нашите епидемиолози ја следат ситуацијата непрекинато. Сега ја зголемивме нашата проценка на ризикот од ширење на последиците од Kovid-19 на многу високо ниво во цел свет“ вели Гебрејсус.
Како што истакна извршниот директор на СЗО, Мајкл Рајан, целта не е подигање на паниката меѓу луѓето туку сакаат на владите на земјите да им ја претстават реалноста со која се соочуваме. Ситуацијата е сериозна, но ширењето на вирусот и понатаму може да се контролира, додаваат оттаму.
Како што истакнаа од СЗО, во последните 24 часа се забележани првите случаи на корона вирусот во Данска, Естонија, Литванија, Холандија и во Нигерија. СЗО е посебно загрижена за ширењето на вирусот на африканскиот континент, но и за фактот дека нови 24 случаи на заболени се проширени од Италија во 14 други земји, додека се забележани 97 нови пациенти во 11 земји кои на некој начин се поврзани со храната.