Во овој момент смртноста од корона вирусот изнесува 3,4%, што е многу повеќе од обичниот грип, кај кој смртноста е под 1%, информира Светската здравствена организација – СЗО.
COVID 19 се шири помалку успешно од обичниот грип, но корона вирусот предизвикува потешко заболување од грипот. Засега нема вакцина, но епидемијата може да се контролира, соопшти портпаролот на СЗО Тедрос Гебрејесус на прес конференција во Женева, Швајцарија.
СЗО уште информираше дека бил остварен состанок со раководството на Меѓународниот олимписки комитет, на кој се разговарало околу Летните олимписки игри што треба да се одржат овој август во Токио, Јапонија. Според СЗО, во моментов е прерано да се носи био каква одлука од здравствен аспект во врска со одржување на Олимписките игри, пренесуваат светските агенции.