LinkedIn објави кои се 15 најбрзорастечки занимања

- Advertisement -

Социјалната мрежа за бизнис заедницата LinkedIn објави листа со 15 најбрзорастечки занимања за годинава. Иако проценката е направена врз основа на податоци за корисниците од САД, со некои мали промени, истата важи и за глобалниот пазар на труд.

На листата доминираат технолошките професии, инженерство, анализа на податоци и занимањата од STEM. Како што е познато, STEM се повеќе се развива и кај нас, а името доаѓа од почетните букви на четири полиња: science, technology, engineering and mathematics, односно наука, технологија, инженерство и математика.

- Advertisement -

Само неколку занимања на листата не се од областа на технологијата. Листата се базира на поголематра потреба за тие занимања претходните пет години. Единственото занимање со средно образование кое се најде на листата е здравствен техничар и се наоѓа на деветто место. Најбарано е во САД, а станува збор за луѓе кои им помагата на луѓе болни од аутизам или пациенти кои веќе имаат некои попречувања и имаат потреба од асистенција и надгледување.

Според анализата, во светот најбарано занимање е експерт за вештачка интелигенција, на второ место е инженер за роботика, а на трето место е научник за податоци (Data Scientist). Ова занимање го бара секоја компанија и установа во светот. Анализите кои ги прават ите ја зголемуваат добивката на компаниите, го истражуваат однесувањето на купувачите, го прошируваат истражувањето на пошироката популација, прават статистички анализи, презентираат пронајдени законитости и предлози за унапредување на услугите итн.

- Advertisement -

На четврто место на листата на LinkedIn е Full Stack развоен инженер. Станува збор за програмери кои одржуваат софтвер и вршат надградби, а на петто место е повторно занимање од ИТ секторот – инженер за доверливост на интернет страници.

Следува експерт за успех на клиенти, претставник за развој на продажба, инженер за податоци, експерт за интернет безбедност, back end програмер, директор за приходи, cloud инженер и JavaScript програмер.

Сподели!
- Advertisement -