Роботот Fribo е дизајниран да им помага на осамените луѓе

- Advertisement -

Милиони луѓе во светот, особено во развиените земји, живеат сами, што дефинитивно не е добро според мислењето на психолозите. Истражувачи од Јужнa Кореја го направија роботот Fribo, кој им помага на луѓето да ја пребродат осаменоста.

Многумина ја обвинуваат технологијаѕа за порастот на бројот на самци, но Корејците сакаат да докажат дека технологијата исто така може да помогне за спојување на луѓето. Имено, роботот Fribo  е дизајниран да ги охрабрува луѓето почесто да разговараат едни со други или да разменуваат пораки.

- Advertisement -

За разлика од други роботи за дома, Fribo не е креиран да биде другар, туку има намера да ги социјализира луѓето. Fribo би требало да биде сместен во домови на пријатели, креирајќи виртуелен животен простор кој го собира психички изолираните поединци.

На пример, Fribo со помош на сензори и микрофони препознава разни активности како влегување дома, пуштање светло или отворање на фрижидерот. Информациите за ваквите активности потоа анонимно се делат со други пријатели. На овој начин пријателите од групата можат меѓусебе да реагирраат на активностите, да го поздрават тој што влегува дома, да му остават порака, да разговараа и слично.

- Advertisement -

Сепак, Fribo предизвика и некои негативни коментари затоа што некои луѓе сметаат дека е морничаво роботот толку многу да навлегува во нечија приватност и секоја минута да пренесува што прави некој дома. Меѓутоа, многу самци веќе нарачаа роботи затоа што постои можност роботите да им помогнат  да го збогатат својот социјален живот.

Сподели!
- Advertisement -