Жената во бизнисот вложува повеќе труд за резултатот да биде видлив!

- Advertisement -

Десет нови жени менаџерки на крајот на месецот ќе бидат прогласени за најуспешни за 2019 година. Агенцијата Марили го организира 24. издание на манифестацијата „Избор на топ 10 најусепшни жени менаџери од Република с.Македонија за 2019 на 25-ти март.

Изборот и на годинашните лауреатки е направен според веќе воспоставените критериуми, а се избираат успешни жени менаџери од приватниот бизнис сектор од различни области и дејности од целата држава кои биле препорачани од нивни деловни колеги и партнери, но истовремено била почитувана и нивната лична согласност да бидат дел од овој избор.

- Advertisement -

„Изборот на 10 најуспешни жени менаџери“, што го прави агенција „Марили“ е најстар проект од ваков вид за поддршка на жената во бизнисот на Балканот и се реализира веќе 24 години. Лидија Трипуноска, идеен творец на овој проект и организатор на манифестацијата вели дека жената во бизнисот и покрај својата висока стручност и силни лични карактерни особини, често пати мора да вложи многу повеќе труд не за да постине поголеми резултати, туку за да се избори нејзините високи резултати да станат видливи и респектирани.

Според неа често во приватниот сектор жената менаџер мора да понуди и нови иновативни идеи и проекти за да може таа со својот бизнис да биде конкурентна и респектирана во менаџерските кругови, а истовремено и да биде соодветно вреднувана во заедницата и да го добие местото што го заслужува во менаџерските тимови.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -