Учениците од Центар ќе учат онлајн, наставници ќе одржуваат часови на телевизија

- Advertisement -

На денешната работна средба на градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, со директорките на основните училишта, се договорија начинот и моделите за продолжување на наставниот процес по електронски пат.

Платформите Edmodo и Google classroom, како и веб-страните на училиштата, мејлинг листите, Viber и Facebook групите се моделите што општинските основни училишта ќе ги користат за настава од далечина.

- Advertisement -

„Она што е многу важно е што учениците, покрај материјалите, ќе добиваат и задачи со точно утврдени рокови за изработка и доставување до наставникот по електронски пат. Обработки на лектири, тематски проекти, математички и логички задачи и проблеми, есеи се дел од обврските на нашите ученици во овој период на домашен престој“, соопштија од општината.

Целта на ваквиот начин на учење, додаваат од таму, е да не се изгуби континуитетот на наставата и учењето, а во исто време да се пополни слободното време на децата со активности соодветни на возраста.

- Advertisement -

Секој одделенски раководител ќе ги известува своите ученици за обврските што ги имаат и начинот на кој ќе работат.

На денешниот состанок формиран е и тим од наставници од општинските основни училишта, кои ќе се вклучат во образовната програма на МОН и МРТВ и ќе одржуваат часови на телевизија во живо.

Сподели!
- Advertisement -