Кинески научници утврдија која крвна група е најподложна на зараза со коронавирус!

- Advertisement -

Луѓето со крвна група А би можеле да бидат повеќе подложни на зараза со Covid-19, додека оние со нулта се најотпорни на вирусната инфекција.

Ова е заклучокот на истражување објавено од кинески научници откако се анализирани примероци од крв на 2.173 пациенти заразени со вирусот во три болници во Вухан и Шенсен, па ги споредиле податоците со здравото локално население.

Истражувањето покажало дека заразените со крвна група А, во однос на останатите групи, покажуваат поголем степен на инфекција и се склони на развој на посилни симптоми на болеста.

- Advertisement -

Меѓу тие анализирани податоци има и примероци на 206 пациенти починати од Covid-19 во Вухан. Од 206 починати 85 од нив имале крвна група А, додека 52 биле нулта.

Исто така, најмногу заразени жители на Вухан (38%) се токму со крвна група А, додека 26,4 заболени со Б, а 25,8 со нулта крвна група.

- Advertisement -

Научниците велат дека студијата е прелиминарна и уште треба да се вршат дополнителни истражувања за да се потврди ова. Сепак, сугерираат на владите и на медицинските установи да го разгледаат ова откритие и забележаните разлики меѓу крвните групи да ги имаат предвид во планирањето на мерките за заштита и лечење на заразените со Sars-CoV-2.

„Луѓето со крвна група А можеби ќе треба да бидат повнимателни за да ја намалат веројатноста за инфекција“, наведуваат истражувачите предводени од Ванг Сингхуан од Центарот за доказна и транслациска медицина.

- Advertisement -

„На пациентите со крвна група А, заразени со Sars-CoV-2, можеби ќе им треба повнимателен надзор и поагресивно лекување“, напиша Ванг во истражувањето објавено во medRxiv.org.

Спротивно од тоа, крвната група нулта има значајно понизок ризик од зараза во споредба со останатите групи, стои во студијата.

За да дојдат до овие податоци, научниците ја анализирале крвта на 3.700 граѓани на Вухан кои не биле заразени со вирусот и за да ја проверат теоријата, направиле и контролно истражување на 398 дополнителни пациенти од Вухан и Шензен и добиле ист резултат.

Студијата е спроведена од научници и доктори од градови ширум Кина. Инаку, во Кина, крвната група нулта е застапена 40%, А со 26%, Б со 27%, АБ 7%.

Сподели!
- Advertisement -