Оваа револуционерна машина може да печати патишта

- Advertisement -

Оваа машина е навистина револуционерна – во неа ставате тули, а од другата страна излегува цел пат. Машината се вика Roadprinter, а ја направи компанијата RP Systems. Машината служи за поплочување, а изгледа како навистина да ги печати патиштата на лице место.

Глетката како работи Roadprinter е вистински одушевувачка. Работниците кои стојат на машината ги поставуваат тулите на горниот дел, а Roadprinter автоматски ги процесира, го одделува составениот пат и го поставува на земја.

- Advertisement -

Машината многу ја олеснува работата на работниците затоа што самата ги подесува тулите како треба да стојат, а работниците потоа не мора да го проверуваат патот затоа што рабовите се поставени совршено.

Сподели!
- Advertisement -