Откако ширум светот почнаа да се затвораат ресторани, продавници, услужни дејности и авиокомпании, економистите предупредуваат дека глобалната рецесија повеќе не е закана бидејќи корона рецесијата веќе започна.
Економската анализа која ја објави Кина во понеделникот покажа дека таа држава, која е втора најголема економија во светот, толку потонала во февруари и март што нејзиното закрепнување е практично невозможно во некоја блиска иднина.
Дејвид Вилкокс, поранешен шеф на американските Федерални резерви, за CNN Business изјави дека нема никакви сомнежи дека светот влезе во рецесија, а истиот став го делат и останатите економисти со кои разговарал CNN.
Освен тоа, доколку дојде до поголеми карантини по земјите и луѓето престанат да одат во продавница, компаниите ќе се соочат со oгромен ликвидносен проблем.
Денес, практично нема компанија во светот која не очекува пад на работата и на профитот, а на глобално ниво се очекува и голем пад на БДП. Од 700 авиопревозници во светот се очекува дека само 30 ќе излезат од кризата без големи последици.