Во Тајван се гради вертикална шума со 23.000 дрвја

- Advertisement -

Тајпеј, Тајван ќе добие вертикална шума со 23.000 дрвја, грмушки и растенија кои ќе го чистат воздухот во пренаселениот град, а ќе биде готова оваа година.

21-катницата ќе има станбен простор, а дизајнот е иснпириран од двојната низа на ДНК и ќе ја има истата спирална форма. Притоа секој стан ќе доаѓа со посебна градина.

- Advertisement -

Различните видови дрвја со најголема апсорпција на јаглерод диоксид ќе бидат посадени во парковите, на балконите и на терасите, а ќе можат да апсорбираат до 130 тони јаглерод диоксид годишно.

Зеленилото на зградата ќе го чисти околниот воздух, но исто така ќе помогне за придушување на бучавата од градот. Ако тоа не е доволно, зградата ќе користи и зелена енергија добиена од ветрот и од сонцето, а ќе ја рециклира и дождовната вода за наводнување на градините.

- Advertisement -

Зградата ќе има и оџаци за природна вентилација и филтрирање на воздухот во зградата со цел да се намали внатрешната температура и да се скрати на употребата на клима уреди. Градбата ќе го носи името Tao Zhu Yin Yuan и се очекува да биде довршена годинава.

(Waste-Ed)

- Advertisement -

(фото: Facebook)

Сподели!
- Advertisement -