Микро-пиварница од Загреб направи зелено пиво

- Advertisement -

Grif, загрепската пиварница која досега има произведено девет различни стилови на пива, сега го претстави својот најнов производ – зелениот Grif. Она што е најспецифично за ова пиво е неговата боја, која е добиена со помош на природната боја на алгите спирулина. Со оглед на тоа дека станува збор за микропиварница која од почеток е фокусирана на производство на ароматични, непастеризирани и нерафинирани пива во мали количини, не е чудно тоа што се одлучиле за зелено пиво.

Од пиварницата објаснуваат дека новото пиво е лесно, питко пиво со најгласена цвртна нота, која се добива од германскиот ароматичен хмељ „тетнагер“ и ќе почне да се продава од 13 март во избрани локали.

- Advertisement -

Баравме природна боја која нема негативно влијание на вкусот и по можност има дополнителни позитивни ефекти кои би го оплемениле пивото. Ја избравме сината спирулина алга која е еден од најстарите организми на планетата – стара е повеќе од 3,6 милијарди години. Жителите на Африка, Северна Америка и Азија ја користат со илјадници години како додаток во исхраната. Древните Ацтеки ја консумирале сушена како сув колач. Содржи до 60% протеини во сувата материја, што е трипати повеќе отколку во говедското месо“, велат од Grif.

Од почетокот на работата пиварницата Grif е насочена на производство на точено непастеризирано и нефилтрирано пиво. Во согласност со тоа, пивата на пиварницата се точат во стотина угостителски објекти со фокус на Загреб. Пиварницата има четворица вработени, месечното производство изнесува 200-300 хектолитри, а во летните месеци достигнува и до 400 хектолитри.

Сподели!
- Advertisement -