ВИДЕО: Samsung во официјално видео го покажа смартфонот со екран кој се свиткува

- Advertisement -

Неминовно е дека мобилните телефони од иднината ќе го заменат сегашниот екран со екран кој се свиткува. Првите обиди за такви телефони веќе имавме прилика да ги видиме. Еден таков беше мобилниот телефон FlexPai, а и бројни други производители на телефони најавија дека во блиска иднина имаат намера да претстават слични модели.

Покрај компанијата Royole (производител на Flexpai) и Xiaomi, Samsung најдалеку стигна во развојот на мобилен теледон со екран кој се витка. Нивниот Galaxy F, Galaxy X или Galaxy Fold, какво и да му биде името кога ќе пристигне на пазарот, веќе можевме да го видиме на минатогодишната конференција за девелопери.

- Advertisement -

Samsung тогаш прикажа уред кој има два екрани и се свиткувана средина за да се заштити екранот кога нема да се користи. Но, тој уред беше подебел. Иако уште тогаш се знаеше дека финалниот производ ќе биде многу потенок за да биде поудобен за користење, досега не се знаеше конкретно како ќе изгледа. Но, се чини дека Samsung сега одговори на тоа прашање. Имено во рекламно видео кое го објави на виетнамнскиот YouTube канал Samsung на момент го прикажа и мобилниот телефон со екран кој се витка.

Сподели!
- Advertisement -