Facebook во вторникот објави дека подготвува 100 милиони долари неповратна парична помош и бонови за огласување за малите компании погодени од пaндемијата на корона вирусот.
Целта е да се помогне на 30.000 мали претпријатија во повеќе од 30 земји во светот каде што работи Facebook. Од компанијата најавија дека ќе ги споделат деталите кога ќе им бидат познати.
Најголем дел од износот ќе биде доделен во вид на безготовинска неповратна помош која компаниите ќе можат да ја користат за плаќање режиски трошоци, трошоци за работење и огласување на Facebook.
Деталите за тоа како се поднесува барање ќе бидат објавени наскоро, порачаа од Facebook и додадоа дека ќе почнат да примаат барања во текот на идните неколкју недели.
„Малите компании се главната артерија на нашите заедници, а многу луѓе кои се на чело на такви компании се погодени од кризата, особено затоа што се повеќе разумно одлучуваа да седат дома“, напиша директорката на Facebook, Шерил Сендберг.
Facebook ќе претстави и дополнителни алатки, како виртуелни натпревари за поддршка за компаниите, додаде Сендберг. Бизнис моделот на социјалната мрежа вклучува и развој на платформа на која компаниите ќе можат да се поврзат со клиентите.