Француски научници објавиле студија која потврдува дека комбинација од лек против маларија и антибиотикот азитомицин, откриен во Загреб 1980 година може да спаси многу животи, јавува Канал 5 телевизија.
Сите светски медиуми ја пренесоа веста за француката студија која потврди дека со комбинација на лековите за маларија и антибиотикот азитомицин или Сумамед, постигнува одлични ефекти во лечењето на заболените од коронавирус.
Азитромицин, инаку антибиотик наменет за инфекции на дишните патишта и меките ткива, откриен е во Загреб во тогашниот истражувачки центар во тогаш уште хравaтската фармацевстка фабрика Плива во 1980 година.
Дури и Доналд Трамп овие денови побарал оваа комбинација од лекови веднаш да се стави на располагање за пациентите.