Компанијата British American Tobacco развива вакцина за корона вирусот

- Advertisement -

Компанијата British American Tobacco (BAT) развива потенцијална вакцина против корона вирусот преку својата американска биотехнолошка подружница Kentucky BioProcessing (KBP). Моментално се наоѓа во фаза на претклинички тестирања, а од BAT порачуваат дека нивната намера е да биде непрофитна.

Потенцијалната вакцина се развива со користење нови технологии за забрзано растење на тутунот и моментално е во фаза на претклинички тестирања. Технологијата покажа потенцијал за побрз и посигурен развој на вакцина од класичните методи.

- Advertisement -

Ако тестирањата бидат успешни, од BAT веруваат дека со помош на партнерски компании и владини агенции од јуни ќе можат да произведат од 1 до 3 милиони вакцини.

Намерата на BAT е целиот проект за развој на вакцината против КОВИД 19 да биде непрофитен. Од BAT тврдат дека оваа нивна метода е потенцијално побезбедна со оглед на тоа дека садниците тутун не можат да носат во себе патогени кои можат да предизвикаат болест кај луѓето. Додаваат и дека развојот е побрз поради тоа што состојките на вакцината во садниците тутун се акумулираат значително побрзо – 6 недели – во однос на неколку месеци со класичните методи. За разлика од традиционалните вакцини, кои често имаат потреба од ладење, формулата која ја користат е стабилна и на собна температура.

- Advertisement -

Исто така, напоменуваат дека постои потенцијал за ефикасен имунолошки одговор со само една доза од вакцината.

Сподели!
- Advertisement -