Се зголемува времето за возење на превозниците од 9 на 11 часа додека трае вонредната состојба

- Advertisement -

Со цел да се овозможи непрекинат проток на стоки на територијата на државата, Владата денес донесе нова уредба. Со уредбата на Законот за движење на мобилните работници во патниот сообраќај се продолжува времето кое работниците смеат да го поминат во управување со возилата, соопштија од Министерството за транспорт и врски.

Имено, се додека трае вонредната сосотјба во земјата времето дозволено управување со возилата се зголемува од 9 на 11 часа дневно, односно од 56 на 60 часа неделно, т.е. вкупното времетраење на управување со возилата во текот на две последователни недели се зголемува од 90 на 100 часа.

- Advertisement -

Тоа значи дека за времетраењето на вонредната состојба возачите можат да возат пет и пол часа, после што се должни да направат пауза од најмалку 45 минути. Редовниот дневен одмор за траење на вонредната состојба се намалува од 11 на 9 часа.

Првата уредба, за која информираше министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, се однесува на примената на Законот за превоз на патниот сообраќај за време на вонредна состојба и предвидува одложување на полагањата на испитите и продолжување на сертификатите за професионална компетентност на лице одговорно за превоз и возач за учество во меѓународен патен сообраќај, додека втората Уредба е за примената на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај за време на вонредна состојба.

- Advertisement -

„Ова подразбира дека сите испити се одложуваат, а сите сертификати на кои важноста им е истечена остануваат да важат се до времетраењето на вонредната состојба, прецизраше Сугарески. Со овие две уредби за транспорниот сектор, нагласи, Владата го олеснува работењето на транспортерите и од финансиски и од временски аспект“ изјави Сугаревски.

Транспортниот сектор, посочи Сугаревски, е еден од најзначајните во ова време и затоа наша цел е да обезбедиме непречен транспорт на производи за прехрана на граѓаните, репроматеријали за индустријата и медицински материјал за да се одговори на предизвиците од корона вирусот.

Сподели!
- Advertisement -