Трамп го стопира финансирањето на Светската Здравствена Организација

- Advertisement -

Претседателот на САД Доналд Трамп во вторникот изјави дека ѝ наложил на неговата администрација барем привремено да го прекине финансирањето на Светската здравствена организација (СЗО) за нејзиното постапување со пандемијата на коронавирус.

Трамп на прес-конференција во Белата куќа рече дека СЗО „не успеа во својата основна должност и таа мора да биде одговорна“. Тој оцени дека организацијата ја промовирала „дезинформацијата“ на Кина за вирусот, што веројатно довело до поширока појава на вирус отколку што би се случило поинаку.

Сподели!
- Advertisement -