Погледнете како изгледа најдобриот аеродром во светот

- Advertisement -

Катарскиот меѓународен аеродром Хамад во Доха ја освои престижната титула најдобар аеродром во светот на годишните награди Skytrax за светски аеродром. Титулата најдобар аеродром претходните години беше во сопственост на сингапурскиот аеродром Чанги. На второ место годинава се најде аеродромот Ханеда во Токио.

Меѓу десетте најдобри се најдоа и аеродромите во Минхен, Цирих, како и лондоснкиот Хитроу. Во 2020 година аеродромот Хамад беше на трето место, но во текот на пандемијата аеродромот ја покажа својата надјобра страна.

- Advertisement -

Аеродромот Хамад е отворен во 2014 година со амбиција градот Доха оа Арапскиот залив да го претвори во глобален аеродром кој ги опслужува Qatar Airways, но аеродромот сега опслужува повеќе од 30 милиони патници годишно. Архитектурата ја одразува крајбрежната традиција со својот дизајн на бранови од ѕид до ѕид. Соседната џамија потсетува на огромна сина капка вода.

Она што го издвијува овој аеродром од другите се бројните уметнички дела кои може да се пронајдат во внатрешноста. Некои од нив се суптилни, како разиграни лажни птици кои „седат“ на екран со информации пред аеродромот, додека други го привлекуваат вниманието на сите минувачи.

- Advertisement -

Има и многу скулптури – од дрвени играчкиT високи неколку метри кои се викаат Small Lies и со својот нос потсетуваат на Пинокио до златни замрсени инсталации кои го симболизираат патот на патниците ширум светот.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Skytrax)

Сподели!
- Advertisement -