ВИДЕО: Како изгледаше доделувањето дипломи во јапонски универзитет со роботи наместо студенти

- Advertisement -

Пандемијата на корона вирусот во целиот свет ја стопираше наставата во образовните институции. Но, иако студентите и учениците во некои земји продолжија да ја следат наставата преку интернет, церемониите на доделување дипломи во најголем дел се откажани. Сепак, во Јапонија еден универзитет одлучи да ја покаже својата креативност и да им овозможи на дипломците сепак да ги примат своите дипломи. Виртуелно.

Универзитетот Business Breakthrough University од Токио не сакал да го одложи доделувањето на дипломите и ангажирал неколку роботи кои ги „глумеле“ студентите. Како изгледало тоа? Роботите Newme на местото на лицето имаат таблет и преку апликацијата Zoom дипломците добиле прилика да присуствуваат на доделувањето на дипломите и да ја примат својата диплома.

- Advertisement -

Роботите, кои може да се управуваат со далечинско, биле облечени во традиционална облека за доделување дипломи, а носеле дури и капи. Претставници од факултетот воспоставувале видеоповици со секој студент поединечно и му врачувале диплома, која во нивно име ја примал роботот.

Благодарение на таблетите и на видеповиците дипломците можеле да го искусат доделувањето на дипломите речиси како во живо да присуствувале на церемонијата. Со роботите управувале неколку студенти кои биле присутни на самата церемонија, а дипломите ги врачувал деканот на универзитетот.

- Advertisement -

Церемонијата можеле да ја следат дипломците од Цела Јапонија, па и од целиот свет, кои секако не би можеле да допатуваат во Токио поради забраната за корона вирусот.

Како изгледаше церемонијата на доделување на дипломи во услови на пандемија погледнете од видеото подолу.

Robots replace Japanese students at graduation amid coronavirus

This university in Japan held a virtual graduation using robots.

Posted by Startup Selfie on Среда, 08 април 2020
Сподели!
- Advertisement -