Нов Зеланд повторно е најдобра земја за основање бизнис

- Advertisement -

Светската банка ја состави годишната листа со бирократски економии според кои Нов Зеланд повторно го освои првото место откако стана уште поевтина земја за стартување и основање компании. Кина и Индија, исто така, се искачија на листата благодарение на реформите кои се осмислени за компаниите и претприемачите да имаат што помалку проблеми.

Извештајот Doing Business 2019 покажа нов поредок откако Кина за затвори својата трговска војна со САД, а дотогаш САД беше една од земјите каде што стартувањето и водењето некоја компанија станува се потешко и потешко. Исто така, сличен проблем има и Велика Британија поради преговорите за излез од еврозоната. Интересно е дека сега е полесно да се води бизнис во поранешната советска република Грузија отколку во Америка или во Велика Британија.

- Advertisement -

Во 16-тото издание на извештајот се проценуваше едноставноста, како и тешкотиите кај секој бизнис – од вклучувањето на нови субјекти и добивање градежна дозвола до дозволата за вклучување струја. Во Нов Зеланд можете да стартувате бизнис за само неколку часа, додека во азиската држава Лаос потребни ќе ви бидат 174 дена. Словенија е најевтино место за стартување и водење бизнис, а Авганистан оствари најголем скок на листата откако ја зголеми заштитата за малцинските инвеститори. Кина го намали времето потребно за приклучување на електрична енергија од 150 дена во Пекинг и Шангај на нешто повеќе од 30 дена.

Во Азија се истакнаа Кина и Индија, кои исто така забележаа скок на листата. Кина од високото 78. место дојде ан 46., а Индија од 100. дојде на 77. место. Грузија скокна на шестото место, над САД и Велика Британија. Покрај Нов Зеланд, во Грузија е потребна само една постапка за да основате бизнис, што е најмалку во светот. Останатите земји во топ 10 се Сингапур, Данска, Јужна Кореја и Норвешка.

- Advertisement -

На Блискиот Исток и во северна Африка и понатаму има проблеми со родовото прашање, каде то во 14 земји има пречки за жените претприемачи. Америка падна од шестото местона 8., а како најголема пречка за основање бизнис во САД е обемната бирократија. Македонија се најде на десеттата позиција на листата на Светска банка.

Сподели!
- Advertisement -