ММФ предвидува најтешка глобална економска криза по „Големата депресија“

- Advertisement -

Светската економија поради пандемијата на коронавирусот ќе ја претрпи најтешката година по Големата депресија во 30-тите години на минатиот век, оценува Меѓународниот монетарен фонд. ММФ очекува пад на глобалната економија годинава за 3 проценти пред да се врати со пораст од 5,8 проценти идната година, но предвидува дека тоа сепак ќе биде тешка и неизвесна година на економски план. Последната проценка на ММФ е големо намалување ако се земе предвид дека во јануари, кога започна пандемијата и мерките за ограничување на нејзиното ширење, фондот предвиде умерен раст од 3,3 проценти за годинава.

Значи за прв пат по Големата депресија и развиените економии и растечките и економиите во развој се во рецесија. За 2020 растот во развиените економии е проектиран на минус 6 проценти. Растечките пазари и економиите во развој, кои вообичаено имаат раст многу поголем од развиените економии, исто така е предвиден негативен раст од минус еден процент и минус 2,2 ако ја исклучиме Кина, оценува главниот економист на ММФ Гити Гопинат.

- Advertisement -

Убедливо најпогодена земја на здравствен и економски план во светот се САД со 590.000 заболени и повеќе од 24.500 починати. Поради рестриктивните мерки од средината на минатиот месец до сега без работа останале речиси 17.000 Американци.

Европа каде има 924.000 заболени и речиси 82.000 починати изминатава недела забележува опаѓање во бројот на нови пациенти во најпогодените земји како Шпанија, Италија, Франција и Германија. ЕК која излезе со низа мерки за ублажување на последиците од пандемијата за нејзините членки и земји аспиранти денеска соопшти дека унијата ќе направи залиха на вентилатори кои ќе бидат наменети за земјите кои ќе имаат најголема потреба од нив.

- Advertisement -

Првите 150 вентилатори платени од буџетот на ЕУ се во производство и ќе бидат веднаш испратени во земјите кои имаат најголема потреба. Исто така купуваме преку заеднички набавки вентилатори но и заштитна опрема како маски. Во оваа невидена криза ние сме посилни заедно во ЕУ, порача претседателката на ЕК Усрула Фон Дер Лајен.

На глобално ниво бројот на заболени надмина два милиони, од кои до сега починаа 123.000 а над 460.000 се излекувани.

Извор – Телма Телевизија

- Advertisement -

Фото – blogs.imf.org

Сподели!
- Advertisement -