Корона вирусот предизвика златна треска

- Advertisement -

Веста која дојде од Австрија дека поради пандемијата дошло до огромна побарувачка на злато и златни пари само ја потврди најавата дека на светот му се заканува недосгит на злато. Корона вирусот очигледно предизвикува и златна треска.

Златото е традиционално засолниште за инвеститорите во кризни времиња затоа што тоа секогаш има своја вредност. Затоа и не е чудно што во време на пандемија на корона вирусот златото ја достигна својата речиси највисока цена досега, велат експертите.

- Advertisement -

Производството на злато веќе го сопреа најголемите играчи на пазарот за злато како Argor Hereus Valkambi и Pamp од Швајцарија, поради што сега во цела Европа многу е тешко да се набават златни плочки или пари.

Како и во претходни кризни ситуации, вредноста на златото во време на пандемија покажа отпорност, поради што сите сакаат да зграбат што повеќе пред почетокот на рецесијата, во текот на која неговата вредност може да се зголеми и неколкукратно. Во текот на глобалната финансиска криза во 2008 година неговата вредност порасна за 280%, а после кризата се стабилизираше, но и понатаму остана повисока за 200%.

- Advertisement -

Физичкото злато релативно лесно се пренесува и се складира, не губи на вредност, ослободено е од влијанијата на монетарните центри, па не е чудо што толку скокна побарувачката, а понудата е речиси еднаква на нула. Затоа е и очекуван скокот на цената на берзата.

Моменталната цената на златото е околу 1.750 долари за унца. Залихите од злато се токму една од причините зошто швајцарскиот франк е една од најценетите валути во светот. Според податоците од јануари годинава, САД е на прво место по резервите на злато со 8,1 илјади тони злато, но по жител Американците имаат 25,3 грама злато и зе веднаш за Германија и Италија кои имаат 40 грама по жител, но и зад Франција и Холандија, кои имаат по 36 грама по жител. На врвот на листата со резерви на злато мерено по жител се наоѓа Швајцарија со 125,6 грама злато.

Сподели!
- Advertisement -