Експресниот пат Штип-Крупиште ќе биде пуштен во употреба кон крајот на јуни

- Advertisement -

Интензивно се гради експресниот пат од Штип до Кочани. Делницата од Штип до селото Крупиште се очекува да биде пуштена согласно роковите до крајот на јуни, изјавија денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов при увидот на градежните активности на овој патен правец. 

Инвестицијата е вредна 20,2 милиони евра, а ова е првата фаза од експресниот пат од Штип до Кочани кој се очекува целосно да се изгради за една година.

- Advertisement -

– Министерството за транспорт и врски е сериозно фокусирано на реализација на сите проекти планирани за оваа година. Се наоѓаме сред силна градежна сезона, која очекуваме уште повеќе да се интензивира во следниов период. Во делот на патната инфраструктура, градежните работи се одвиваат со силно темпо. Само во овој момент се рехабилитираат преку 150 километри патишта, веќе следниот месец завршуваат тендерските постапки за рехабилитација на околу 80 километри регионална патна мрежа. Активно работиме и на изградба на преку дваесет водоводи и канализации, започнавме со изградба на три нови социјални згради, а железничкото поврзување кон Бугарија и гасификацијата остануваат примарни проекти на Владата, истакна Сугарески.

Посочи дека изградбата на гасификационата мрежа се одвива според планираната динамика и оти до крајот на годината се очекува да биде завршена гасодовот од Неготино до Битола.  Најави дека до крајот на годината ќе биде завршена и изградбата на патот Штип-Радовиш од мостот на реката Брегалница до рудникот Бучим, а веќе се работи и на вториот дел од оваа делница, од штипската населба Три Чешми до мостот на реката Брегалница и од рудникот Бучим до влезот на Радовиш.

- Advertisement -

Новиот експресен пат Штип-Кочани е во должина од 28 километри, а првата делница од Штип до селото Крупиште е во должина од 14,3 километри. Што се однесува до делницата која ја гради кинески Синохидро од Крупиште до Кочани работите треба да ја завршат во 2021 година.

Сподели!
- Advertisement -