Општина Бутел почна да собира донации од персонални компјутери за социјално загрозените семејства

- Advertisement -

Општина Бутел апелира до жителите и компаниите кои имаат персонални компјутери што не ги користат да ги донесат во Општината за таа да ги донира за учениците од социјално загрозено семејство, каде има од различни возрасни групи, а треба да следат електронска настава за различен степен на образование.

Од Општина Бутел информираа дека со почетокот на изведбата на онлајн наставата за учениците, која почна како последица од затворање на училиштата поради пандемијата на корона вирусот, увиделе дека не секое семејство има дома компјутер за своето дете ученик.

- Advertisement -

„Сите сограѓани и стопански субјекти кои имаат домашни или службени персонални комјутери кои не ги користат или на кои кои им е потребна поправка, или дополнителна инсталација (куќиште, монитор, тастатура, приклучоци и глушец) да ги донираат во Општина Бутел. Општина Бутел и ИТ секторот ќе ќе ги оспособуваат технички донираните комјутери кои подоцна ќе ги подели во општинските основни училишта на Бутел, каде што директорите на училиштата веќе имаат списоци со поднесено барања од родители кои не се во можност да ја следат наставата од овие причини, велат од Општината.

(МИА)

Сподели!
- Advertisement -