Видео: Синџир продавници во Шведска претстави нови кваки кои се отвораат со лакот наместо со рака

- Advertisement -

Во оваа доба на пандемија на корона вирусот сите се плашат да дојдат во контакт и да допрат со раце површини кои ги допираат и други луѓе затоа што познато е дека корона вирусот може да преживее подолго време на разни површини. Сите знаеме дека јавните места се преполни со заразни болети кои се пренесуваат лесно од еден на друг.

Освен редовното миење раце и користењето средства за дезинфекција и ракавици, еден синџир супермаркети во Шведска претстави многу иновативно решение. Имено, на влезните врати во своите продавници тие поставија посебни кваки кои се прилагодени да се отвораат со подлактица или лакот наместо со рака.

- Advertisement -

Кваките се дело на компанијата Fortum, а се наречени Vipu или кратенка од Virus Protection Unit. Vipu е направена од рециклираната пластика Circo, која се добива од употребена амбалажа. Кваките моментално се поставени на влезните врати и на фрижидерите во продавниците на еден од најголемите трговци на мало во Шведска.

Infection-preventing hands-free handle

Grocery stores in Finland using new handles for forearm to avoid spreading germs in public places.

Posted by Startup Selfie on Четврток, 30 април 2020
Сподели!
- Advertisement -