Mercedes направи паметни светла за автомобил

- Advertisement -

Mercedes веќе извесен период тестира паметни автомобилски светла и сега изгледа тие светла повеќе не се само концепт. Од Daimler најавија дека тие футуристички светла ќе се најдат на автомобилите Mercedes-Maybach од S класата, пишува Engadget.

Овие паметни светла се опремени со дигитален проектор, кој контролира како и кога се пушта светло. Сензорите на автомобилот можат да одредат кога и колку светли ќе бидат, спречувајќи ги возачите да ги заслепат пешаците и луѓето во другите возила. Светлата можат и да проектираат информации на патот.

Станува збор за мала производна линија, но луѓето кои ќе купат автомобили од оваа класа можат да очекуваат да им бидат доставени во текот на првата половина од годината. Ќе треба да почекаме додека оваа технологија се најде во обичните возила, но добро е да се види дека, сепак, почна производството.

Сподели!
- Advertisement -