AI инстант камерата ги претвора фотографиите во детски цртежи

- Advertisement -

Технологијата во камерите вообичаено се развива за да се добиваат поквалитетни фотографии кои се се поубави и побогати со детали, но тоа не е она што го интересира Ден Мекниш. Тој направи инстант полароид камера која користи неурална мрежа, но не за поуспешно да ја преслика реалноста, туку за фотографиите да ги претвори во цртежи кои изгледаат како да ги правело некое дете, пишува Vidi.hr.

Мекниш мапираше милиони животни од видеоиграта Quick, Draw! на Google и ги вклучи во системот за процесирање слики, по што неговата инстант камера која работи на Raspberry Pi компјутери ги искористи податоците за да научи да „чкртка“ на нив, односно да ги претвори убавите фотографии во едноставни  цртежи и на крајот да ги испечати на вградениот термален принтер.

- Advertisement -

Сликите кои се добиваат изгледаат непрепознатливо во однос на тоа што сте го фотографирале и тоа може да биде навистина забавно затоа што никогаш не знаете што ќе добиете на крајот. Ова е само еден пример како технологиите како вештачката интелигенција може да се искористат на еден сосема поинаков начин.

Сподели!
- Advertisement -