Тим од инженери предвидува катастрофа ако премногу рано се укине социјалното дистанцирање

- Advertisement -

Според Лабораторијата за компјутерска и вештачка интелигенција на МИТ, идната недела треба да видиме намален број на случаи на корона вирус во САД и во Италија. Меѓутоа, оваа добра вест доаѓа со опасно предупредување – прераното ублажување на мерките за карантин може да биде катастрофално.

Инженерите кои ја направиле вештачката интелигенција која го предвидува ова велат дека резултатите се многу слични на ситуацијата која се случила во Сингапур кога социјалното дистанцирање и карантинот речиси целосно ја израмниле кривата, но непромисленото враќање на работа резултирало со огромен број на заразени со корона вирусот.

- Advertisement -

МИТ ги обучил инженерите да истражуваат јавно достапни податоци за увид во ширењето на болеста, земајќи предвид како постапувале различните влади со наредбите за социјално дистанцирање и карантин, како и други стандардни параметри на епидемиологијата.

За моделот да може да даде прецизни резултати, тимот ги анализирал податоците од јануари до почетокот на март, а потоа тие анализи ги усогласиле со предвидувањата за април со реална статистика. Вештачката интелигенција прецизно го предвидела движењето на кривата во сите земји за кои има податоци.

- Advertisement -

Податоците покажуваат дека САД, кој сега е епицентар на пандемијата, до крајот на април би требало да ја стопира заразата. Меѓутоа, извештајот покажува и дека тоа не значи оти сега е вистинско време за ублажување на мерките на карантин и социјално дистанцирање. Напротив, како што велат научниците на МИТ, опуштањето и укинувањето на карантинот токму сега ќе доведе до експоненцијална експлозија на бројот на заболени, со што се поништува улогата на сите мерки кои САД ги спроведува од средината на март досега.

Сподели!
- Advertisement -