Глобалниот туризам до крајот на годинава може да се намали за 80%

- Advertisement -

Меѓународниот туризам тешко го погоди пандемијата на корона вирусот, а според проценките на Агенцијата на Обединетите нации за туризам до крајот на годината бројот на меѓународни туристички посети може да се намали дури 80%.

Во првиот квартал бројот на меѓународни туристички посети поради пандемијата падна за 22%, односно за 67 милиони, според новиот туристички барометар на Светската туристичка организација на Обединетите нации (UNWTO).

- Advertisement -

Само во март бројот на посети е намален за 57% бидејќи многу земји воведоа ограничување на движењето и патувањата. Падот на посетите во првиот квартал во превод значи 80 милијарди долари изгубен извоз, покажува истражувањето на UNWTO. Освен тоа, од агенцијата наведуваат дека ситуацијата може само да се влоши.

Ако ограничувањето на патувањата се укине на почетокот на јули, бројот на туристи годинава би се намалил за 58%. Ако се укине на почетокот на септември, падот на бројот на туристи ќе биде 70%, а ако ограничувањата потраат до декември, бројот на туристи годинава ќе биде помал за 78%.

- Advertisement -

Ако се остварат овие предвидувања на UNWTO, прохидите на милиони луѓе кои живеат од туризмот ќе бидат доведени во прашање, велат авторите на студијата.

Сподели!
- Advertisement -