Sony го претстави своето паметно куче-робот Aibo

- Advertisement -

Новиот робот на Sony, Aibo, конечно ќе пристигне во САД. Јапонскиот технолошки гигант најави дека специјалната First Litter Edition ќе почне да се продава во септември и ќе биде попаметна од очекувањата. Кучето-робот ќе биде прилично скапо – околу 2.900 долари, а ќе вклучува станица за полнење, облоги за шепите, розова топка и три години пристап до апликацијата во облак на Aibo.

Aibo 2.0 е многу понапредна верзија од оригиналното куче кое Sony го претстави во 1999 година. Од Sony велат дека Aibo е опремен со стотици камери, сензори на допир и микрофони, па е многу „пожив“ и пореален. Кучето има 4.000 делови, а може да мрда со опашот, да се поздравува со рака, да ги движи ушите напред назад и да удира топка, како и да трепка со очите, а благодарение на двата ЛЕД дисплеи може да го следи својот сопственик.

- Advertisement -

Вештачка интелигенција врзана за облак овозможува да детектира и да анализира звуци и слики, што значи дека може подобро да комуницира со сопственикот. Aibo реагира на допирот кога ќе го допрете или ќе го погалите, а може дури и да препознава пофалби и насмевки.

Сподели!
- Advertisement -