Германија со закон се обврза до 2038 година да престане да користи јаглен

- Advertisement -

Германскиот сојузен парламент Бундестаг и сојузното собрание Бундесрат пред два дена го усвоија новиот закон, кој подразбира затворање на сите термоелектрани на јаглен во земјата до 2038 година, асе со цел достигнување на климатските цели и јагленонеутрална економија до 2050 година.

Германија е една од државите на Европската унија кои во минатото најмногу зависеа од јагленот, така што фактот дека оваа земја и законски се обврза да го прекине производството на струја со помош на овој енергенс претставува добра вест. Меѓутоа, имајќи ги предвид последните трендови, многумина сметаат дека германскиот план би требало да биде поамбициозен.

- Advertisement -

Овој закон овозможува примена на претходно прифатенито климатски пакет, кој предвидува намалување на емисијата н стакленички гасови од сите сектори за 55% до 2030 година во однос на нивоата на емисија од 1990 година, како и постигнување на удел од 65% на обновливи извори на енергија во производството на електрична енергија.

Исто така, законот подразбира издвојување на сума од 50 милијарди евра за вработените во рудниците и термоелектраните на јаглен за да се ублажи финансискиот удар од пренасочувањето кон обновливи извори на енергија во погодените региони.

- Advertisement -

Моментално една четвртина од произведената енергија во Германија се добива од електрани на јаглен, а бидејќи последниот рудник на антрацит во Германија беше затворен во 2018 година, антрацитот и понатаму се увезува од други земји, додека лигнитот се експлоатира од германските резерви. Со увозот, кој по се изгледа ќе биде неопходен до 238 година, Германија само префрла дел од својот карбонски отпечаток во странство.

Активистите за климата, кои минатиот петок одржаа протест пред седиштето на Христијанско-демократската унија на германската канцеларка Ангела Меркел сметаат дека прифатените мерки не се доволно амбициозни и ефикасни за да се спречат последиците на глобалното затоплување.

- Advertisement -

(N1, Deutsche Welle)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -