Шпанските власти не планираат да ги отворат границите пред јули за најголем дел од патниците од странство со цел да се спречи појавата на втор бран на заразата со корона вирусот. Шпанските копнени граници со Франција и Португалија се затворени откако на средината на март во земјата беше прогласена вонредна состојба, што тешко се одрази на целата економија, а особено на туристичкиот сектор.
Шпанската влада почна да ги ублажува мерките за своите жители затоа што пандемијата е ставена под контрола, но сите странски државјани кои доаѓаат таму ќе мора да бидат во двонеделна изолација, со што границите практично остануваат затворени.
Вонредната состојба завршува на 24 мај, но веројатно мерките за патниците од странство остануваатна сила многу подолго, без оглед на тоа колку е туризмот битен за шпанската економија.