Воздухот во Кина е толку загаден што сончевата светлина не може да дојде до соларните панели

- Advertisement -

Како најголем консумент на соларна енергија во светот, индустријата за енергија во Кина се обидува да се префрли ос употребата на јаглен на поодржлива иднина. Но, понекогаш не е толку лесно да се остави зад себе минатото. Едно ново истражување објавено во списанието Nature Energy пoкажа дека загадениот воздух во Кина ги блокира сончевите зраци да допрат до соларните панели и како резултат на тоа соларните панели не се толку ефикасни во генерирањето струја.

Поради забрзаниоет економски раст во Кина, кој главно беше напојуван со енергија од јаглен, сега милиони луѓе во Кина се побогати, но исто така го дишат и најзагадениот воздух во светот. Ова истражување го предводеше Институтот за атмосферски и климатски науки во Цирих, а ги мапираше напорите на Кина да се намали загадувањето на воздухот со употреба на соларна енергија од 60-тите години на минатиот век до 2015 година.

- Advertisement -

Резултатите покажаа дека просечното генерирање на соларна енергија опаднало за 11%-15% во текот на тој период. Истражувачите предвидувааѕ дека враќањето на квалитетот на воздухот од 60-тите години може да помогне да се зголеми генерирањето соларна енергија за повеќе од 12%.

Економската загуба е само една од последиците на загадувањето. Во поглед на човечкото здравје, долгорочното изложување на токсичен воздух доведува до мозочни удари, рак на белите дробови или срцеви удари. Загадувањето на воздухот е една од четирите главни причини за смртни случаи во светот после пушењето, високиот крвен притисок и лошата исхрана. Според Светската здравствена организација, 90% од луѓето во светот дишат воздух кој содржи високи нивоа на загадувачи. Секоја година овој проблем резултира со 7 милиони смртни случаи, а најголем од нив се во развиените земји.

- Advertisement -

Кина е втора во светот по бројот на смртни случаи како резултат на загадувањето на воздхот, веднаш после Индија. Но, Авганистан има повисока стапка на смртни случаи како последица на загадувањето на 100.000 жители отколку која било друга земја во светот. Иако луѓето мислат дека најголем дел од загадувањето се должи на сообраќајот, на фабриките и градовите преполни со смог, многу луше умираат поради гасовите кои ги испуштаат обичните печки и генераторите кои се користат во сиромашните краеви. Тоа е случај главно во Авганистан, Пакистан, Индија, Нигерија и во Кина.

Сподели!
- Advertisement -