Изгледа дека е неопходно да се вложат натчовечки напори за да се ублажи пандемијата која убива толку многу луѓе. Важноста на вештачката интелигенција во многу инстанци можеби е преувеличена, но кога е во прашање медицината, вештачката ингелигенција се има докажано во многу случаи.
Но, дали вештачката интелигенција е дорасната на оваа страшна болест. Во светот денес има многу компании кои сакаат да ја решат таа дилема. Оксфордската компанија Exscientia, која е првата во светот што на луѓе испроба лек откриен од вештачка интелигенција, сега проучува 15.000 лекови од калифорнискиот истражувачки институ Skrips.
Исто така и Healx, компанија од Кембриџ која ја основаше научник кој учествувал во пронаоѓањето на „вијагра“, го пренамени системот со вештачка интелигенција создаден за откривање лекови за ретки болести за оваа конкретна задача. Системот е поделен во три дела: еден дел ја проучува целата литература поврзана со болеста, друг ја проучува ДНК и структурата на вирусот, а трет ги разгледува постојните лекови за други болести и нивното потенцијално дејство врз корона вирусот.
Развојот и откритието на лекови генерално е многу бавен процес кога го работат луѓето, но вештачката интелигенција е многу побрза. Од Healx се надеваат дека информациите со кои располагаат сега наскоро ќе ги претворат во список со лекови-кандидати и веќе преговараат со лаборатории кои нивните претпоставки ќе ги преточат во клинички испитувања.
Сите кои работат на откривањето лекови со помош на вештачка интелигенција имаат две опции во врска со вирусот: едната е да пронајдат целосно нов лек и да почекаат неколку години за да се прогласи безбеден за користење, а другата е да се искористат постојните лекови за друга намена. За Нealx тоа значи детална анализа на 8 милиони нови можни двојни и 10,5 милијарди тројни комбинации од 4.000 веќе одобрени лекови на пазарот.
Лекови кои можат брзо да се пренаменат за третирање болни од корона вирусот бараат американската лабораторија Barabasi Labs, Универзитетот Харвард и био-технолошкиот стартап Scipher’s medicine.
Scipher’s medicine комбинира вештачка интелигенција со нешто што го нарекуваат мрежна медицина – метода која болеста ја анализира низ сложена интеракција меѓу молекуларните компоненти.