ФИТР: Во тек е финалната селекција на „Предизвик за млади истражувачи 3“ – учениците ги презентираат своите проекти онлајн

- Advertisement -

Вкупно триесет и девет основни и средни училишта влегоа во финалната селекција на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи 3″ на Фонд за иновации и технолошки развој кој се спроведува во соработка со Министерството за образование и наука.

Во наредните два дена, тимовите на учениците од 19 основни и 20 средни училишта, согласно препораките за превенција и заштита од Ковид- 19, онлајн ги презентираат своите проекти пред комисијата составена од претставници на МОН, Бирото за развој на образование, ФИТР, универзитетски професори и партнерски организации.

- Advertisement -

Охрабрува тоа што и во услови на криза и затворени училишта, на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи 3″ дури 58 училишта доставија свои предлог проекти. Од нив 28 се од основни, а вкупно  30 од средни училишта од цела Македонија.

Најмногу поднесени апликации се од училиштата на територија на град Скопје – вкупно 23, но апликации има од над дваесет места во земјава меѓу кои Велес, Свети Николе, Прилеп, Битола, Кратково, Гостоивар и Тетово.

- Advertisement -

Опфатени се речиси сите области од природните и техничките науки, а во најголем дел предлог прооектите се поврзани со истражување на полето на биологија, физика и хемија. На проектите би работеле над 300 ученици.

Побаруваниот износ од училиштата е  12 милиони денари, што е двојно повеќе од предвидениот буџет кој изнесува 6.000.000 денари. Буџетот предевиден за поединечен предлог проект е до 300.000 денари, односно дополнителни 30.000 денари за ментори, наменети за обуки, семинари, конференции што би придонеле кон поуспешна реализација на проектот.

- Advertisement -

Во рамките на претходните два јавни повици, досега се  поддржани 54 училишта кои работат на вакви проекти а во кој се вклучени околу 500 ученици и професори.

Процесот на истражување треба да се заснова на „научен метод“,односно да вклучува формулација, тестирање и потврда/модификација на хипотеза по пат на експеримент и набљудување, а предложените проекти треба да дадат видливи резултати.

Предност имаат проектите со интердисциплинарен карактер, кои предвидуваат инклузивен пристап во формирањето на тимовите (имаат еднаква родова застапеност, вклучуваат деца со различна етничка припадност, деца со посебни потреби, деца од различни возрасти и слично) и се поднесени од училишта од рурални средини.

Предизвикот беше отворен од 24.01.2020. Поради новонастанатата ситуација со пандемијата со Ковид-19, на барање на училиштата рокот беше продолжен до 06.04.2020 година.

Сподели!
- Advertisement -