Денеска и утре фестивал на органска храна на Плоштадот во Скопје

- Advertisement -

Млечни производи, зеленчук, овошје, мед, кафе, зачини, житарки и козметика, се само дел од производите што ќе бидат изложени на Фестивалот на органска храна што ќе се одржува денеска и утре на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Посетителите ќе имаат можност да пробаат и занаетчиско (крафт) пиво.
Целта на Фестивалот, кој предвидува и неколку работилници, е да го промовира користењето на органските производи во секојдневната исхрана.
Учесници ќе бидат преку 20 изложувачи од земјава.
 

Сподели!
- Advertisement -