Работодавaчите во Швајцарија мора да платат дел од киријата за луѓето кои работат од дома

- Advertisement -

Највисокиот суд во Швајцарија пресуди дека работодавците мора да учествуваат во исплатата на киријата на вработените ако од нив се очекува да работат од дома. Оваа одлука на сојузниот суд не е јавно објавена, а се однесува на сметководствена компанија која пуштила еден вработен да работи од дома.

Компанијата тврдела дека не се договориле однапред со вработениот и поради тоа не се должни да покријат дека од трошоците за кирија. Меѓутоа, судот го отфрлил тврдењето и додал дека вработениот има право да бара компензација и ретроактивно после напуштањето на компанијаѕа.

- Advertisement -

Според судот, исто така, не е битно дали вработениот изнајмил дополнителна соба или поголем стан за да работи од дома. Судиите процениле дека месечниот надомест во износ од 150 швајцарски франци (околу 140 евра) за станарина за вработениот е оправдан.

Ова е прв пат највисокиот суд во Швајцарија да се занимава со темата надомест за кирија за вработените кои работат од дома. Томас Гајзер, професор по работно право на Универзитетот Сент Гален, изјавил дека пресудата не е изненадувачка затоа што законот ги обврзува работодавачите на вработените да им ги надоместат сите трошоци кои ги претрпеле поради вршењето на нивната работа.

- Advertisement -

Гајзер истакнува дека одлуката се однесува на вработените кои работат од дома на барање на работодавците. Меѓутоа, вработените кои работат од дома по сопствена одлука веројатно нема да добијат надомест за кирија. Оваа одлука доаѓа после невидениот пораст на работа од дома како последица на пандемијата на корона вирусот.

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -