Во моментот работат околу 50% од рестораните во Бугаријаработат со загуба, а 20% од нив банкротираа, ијавија од Бугарската асоцијација на ресторани. Рестораните, баровите и кафулињата во Бугарија беа затворени од 13 март поради прогласувањето вонредна состојба.
Дозвола да ги отворат летните тераси добија на 5 мај, со посебни правила за растојанието помеѓу масите, постојана дезинфекција и носењето маски од страна на персоналот. Внатрешните делови од рестораните ќе се отворат почнувајќи од 1 јуни.
Како што велат од Асоцијацијата, ако бугарската влада не презела храбри чекори, процентот на банкротирани ресторани ќе бил уште поголем. Оттаму велат дека целта на намалувањето на ДДВ за рестораните од 20% на 9% била да се остават повеќе средства за плати за вработените.
Според очекувањата, оваа и идната година ќе бидат многу тешки за оваа индустрија. Според Асоцијацијата, многу луѓе уште се во опасност од банкрот и нема воопшто да ги отворат рестораните. Туристичката сезона не може да се спаси, но се преземаат мерки за да се спаси тоа што може, додаваат оттаму.
(фото: Wallpaper Flare)