За да ја поддржи расната толеранција, Twitter најпрвин целосно го зацрни своето лого и во својата кратка биографија на профилот стави едноставно #BlackLivesMatter, а потоа ја смени и едноставно ја зацрни својата профилна фотографија на која се наоѓаат симболите „#” и знакот за еднакво, а како позадина ставија рака и #BlackLivesMatter.
Овој гигант меѓу социјалните мрежи промената на профилот ја направи вчера, после пет последователни дена протести кои од Минеаполис се префрлија низ цели САД и се претворија во нереди и хаос по улиците.
Од Twitter претходно на својот профил објавија дека расизмот не се врзува за социјалното дистанцирање. Потсетија и дека афроамериканската популација секојдневно трпи расизам и неправди. Дел од корисниците на Twitter овој потег го дочекаа на нож, па ги обвинија дека поттикнуваат на домашен тероризам.
(фото: Twitter)